Речиси половина од анкетирани Британци се согласуваат со најмалку еден антисемитски став презентиран пред нив во анкета за британските Евреи, јави ДПА.
Еден од четворица анкетирани вели дека Евреите „се во постојана потрага по пари“ повеќе отколку другите луѓе, додека еден од шест сметаат дека „Евреите мислат оти се подобри од другите луѓе“ и оти британските Евреи имаат „премногу моќ во медиумите“.
Анкетата на ЈуГов била извршена врз 3.411 луѓе по барање на лоби групата Кампања против Анти-семитизмот (Campaign Against Anti-Semitism).
Шефот на групата Гидеон Фалтер вели дека според нивна анкета, повеќе од половината Евреи се со став дека немаат иднина во Велика Британија и еден од четворица во изминатите две години, размислувал за заминување од државата.