Анкета: Германската владеjачка коалиција во предност пред опозицискиот блок

Од:

Два месеци пред федералните избори, германската владеjачка коалиција има предност и би добила повеќе гласови отколку сите три опозициски партии заедно, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за испитување на јавното мислење „Форса“.

Угледот на германската канцеларска Ангела Меркел не е нарушен ниту со американската шпионска афера и нејзиниот рејтинг не е сменет, па таа се уште има поддршка од 57 проценти од избирачите. За кандидадот за канцелар на опозициската Социјалдемократска партија на Германија(СПД), Пер Штајнбрик се изјасниле 21 отсто, што е за еден процент повеќе во споредба со претходната анкета.

Анкетата покажува дека за демохристијаните со Меркел на чело, би гласале 41 отсто од испитаниците, а нивните коалициски партнери либералите би добиле пет отсто од гласовите.

Опозициската СПД, зелените и левицата заедно би освоиле 43 отсто од гласовите. За СПД би гласале 22 проценти од Германците, еден процент помалку од минатата анкета, за зелените 12 отсто, што е нивен најлош резултат од октомври минатата година, а за партијата Левица (Линкс) девет отсто, еден процент повеќе од претходната анкета.

Според директорот на „Форса“, Манфред Гилнер од американската шпионска афера единствено профитирала Пиратската партија, за која сега би гласале четири отсто од Германците, наместо досегашните два проценти.

Федералните избори во Германија се закажани за 22 септември и кој ќе владее со 82- милионската нација во следниот мандат ќе зависи од коалициските договори.
##

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке