Речиси три четвртини од жителите на Чешка (68 проценти), според анкетата на агенцијата СТЕМ, се горди на својата држава, но половина од нив, како што покажува истражувањето на компанијата ГФК би сакале да живеат во друга земја. Најатрактивни земји за Чесите се САД, Англија, Германија и Австрија, јави дописникот на МИА од Прага.
– Тоа е природна реакција, се согласуваат социолозите и психолозите кои сметаат дека е нормално луѓето да го сакаат домот каде што живеат, своите предци и корени. Во исто време, се незадоволни од скандалите, политичарите, од стравот од иднината како и од чувството дека не можат ништо да направат.
Истражувањето на агенцијата СТЕМ потврдува дека расположението се менува според развојот на домашната политичка и економска сцена. Пред крајот на годината, процентот на граѓаните кои се горди на својаа татковина се зголемил на 68. Тоа особено се покажува кога ќе се случи некој спортски успех како што беше на пример, победата на чешките тенисерки и тенисери на Фед Купот и Дејвис Купот.
Според студијата на Институтот за труд и социјални работи, најчесто на одредено време сакаат да заминат оние кои знаат странски јазици, имаат завршено Високо образование, а се на возраст од 30-39 години. Студијата покажува дека нивните шанси да најдат добра работа во странство се големи.