Анкета: Чесите нетрпеливи кон странците, сметаат дека тие им ја земаат работата

Од:

Три четвртини од Чесите сметаат дека во нивната земја има премногустранци кои дошле за да работат и на тој начин тие остануваат невработени, јави дописникот на МИА од Прага.

Според најновата анкета на СТЕМ, во последно време се помалку Чеси мислат дека во некои професии странците се незаменливи и дека „увозните умови“ помагаат во различни области.

Околу 45 проценти од чешките граѓани се изјасниле дека се исклучително против вработувањето на странците во нивната земја. Социолозите сметаат, дека за негативното расположение на Чесите кон странците придонесува и тоа што кон нивното вработување се поврзува и нелегалната работа и заобиколувањето на даночните и други закони.

Свое влијание на тоа има и економската криза која влијаеше на приливот на странски работници, а од друга страна и за влошување на социјалната положба на останатите граѓани. Затоа, одделна група од населението, како невработените, пензионерите и некои од стопанствениците не се плашат да го изразат своето нетрпение кон оне кои не поттекнуват од нивната средина односно доаѓаат од други земји.

Во оваа категорија граѓани спаѓаат особено работниците во градежништвото и воопшто луѓето со понизок степен на образование, што според аналитичарите произлегува од стравот за сопствената работа и егзистенција. Не изненадува фактот, што студентите се толерантни кон странците.

По одделувањето на поранешна Чехословачка во две различни самостојни држави во 1993 година, во Чешка живееле 78.700 странци, односно 0,75 проценти жители. Оттогаш бројот на странски државјани во земјата е зголемен речиси за шест пати и според најновите податоци во Чешка престојуваат 438.000 странци, од нив 310.000 се сметаат за економски активни.

Во Чешка во моментов има над половина милион невработени. Анализите покажуваат дека странците не доаѓаат во Чешка на краток период тукутука се обидуваат да се населат и да основаат семејство.

Исто така, истражувањата покажуваат дека во време на голема невработеност во земјата, странците се нафаќаат да ги работат физички потешките работи, ноќе и дури и прекувремено.

Најголем број на странци во Чешка, околутри петтини од нив, (118.000) се Украинци. На второ место се Словаците, (над 80.000) иако најголем број од чешките граѓани не ги сметаат нив за странци. На трето место, со бројка од околу 60.000, се Виетнамците.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница