Анкета: Чесите не го сакаат Путин приближно колку и Сталин

Од:

Поголемиот дел од чешкото население чувствува страв од Русија и од нејзиниот евентуален напад на Балтикот, покажува најновата анкета на компанијата Ипсос.

Во неа се покажува и дека Чесите со неверување гледаат и на активностите на руските тајни служби и промовирањето на економското влијание на Москва, јави дописникот на МИА од Прага.

Вкупно 54 проценти од испитаниците, современата Русија ја чувствуваат како ,,зла империја”, а мнозинството од Чесите (71 проценти) го гледаат негативно и рускиот претседател Владимир Путин, што е многу блиско и кон 77 проценти од Чесите кои негативно го оценуваат поранешниот советски лидер Јосиф В. Сталин.

Од активностите на руските тајни служби се загрижени 68 отсто од Чесите, а 61 проценти од нкетираните се плашат од евентуален воен напад на Москва на Балтикот.

Мнозинството од јавноста во Чешка, (59 проценти) исто така негативно го третираат промовирањето на економскито влијание на Русија.

Шефот на државата Милош Земан во јавноста се истакнува со проруски ставови, а тоа го поддржуваат само една третина од населението, односно 37 проценти.

Поголемиот дел од луѓето, сметаат дека сигурна одбрана на земјата е членството на Чешка во НАТО и 62 проценти се за продлабочување на овие односи, иако 54 проценти Чеси одбиваат на територијата да бидат лоцирани НАТО бази.

Според чешката популација, НАТО и Европската унија на Украина би требало да и помогнат пред се со обука на војници и продолжување на постојните економски санкции против Русија, додека снабдување со оружје или испраќање на војници во земјата, на повеќето луѓе обично не им се допаѓа.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети