Анкета: Чесите најнезадоволни од корупцијата и невработеноста

Од:

Чесите се најнезадоволни од корупцијата и економскиот криминал во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според последното истражување на СТЕМ, на 83 проценти од граѓаните не им се допаѓа криминалот во стопанството, а на 9 од 10 луѓе им пречи корупцијата.

Најголем број од чешките граѓани (83 проценти) не се задоволни и од големиот процент на невработеност, 74 отсто од ставот на јавните финансии и 73 проценти сметаат дека постои социјална несигурност.

Наспроти тоа, Чесите по повеќе од 20 години од падот на комунизмот најпозитивно ја оценуваат понудата на разновидни стоки и услуги. Дури три четвртини тоа го сметаат за предност.

Повеќе од половината анкетирани, 58 проценти сметаат дека културните активности се на задоволително ниво, а чувствуваат напредок и во давањето транспортни услуги (45 проценти) и гледаат подобрување во односите со другите земји (46 проценти).

Бројот на луѓе кои се задоволни со животната средина, во споредба со претходната година се намалил за четири проценти и сега изнесува 41 отсто. Истражувањето покажува дека луѓето кои го оценуваат својот животен стандард како добар, се изјаснуваат подобро и за повеќето области на општествениот живот, освен за корупцијата и стопанскиот криминал.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица