Анкета: Британските гласачи претпочитаат Брегзит без договор отколку Корбин премиер

Од:

Британските гласачи претпочитаат Брегзит без договор отколку Џереми Корбин да стане премиер. Тоа е нагласено во анкета на европското издание на Политико.

Анкетата е спроведена врз 995 луѓе. Во неа, 43 отсто анкетирани сметаат дека ако лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин стане премиер тоа би бил најлош „резултат“, додека 35 отсто велат дека Брегзит без договор би бил најлошо сценарио.

Околу една четвртина се со став дека и двете опции (Корбин премиер и Брегзит без договор) се лоши.

Запрашани за тоа кој би бил најдобар премиер, 40 отсто анкетирани се за Џонсон, додека само 18 отсто го претпочитаат лидерот на опозицијата.

За предвремени избори во октомври – 46 отсто се „за“ и 36 отсто „против“. Конзервативците во анкетата водат пред лабуристите со седум отсто.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година