Анкара ќе бара четиристрана средба за кипарското прашање во 2013 година

Од:

Анкара ќе бара решавањето на кипарското прашање да се случи преку свикување на четиристрана средба, што не се предвидува во резолуциите на Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролот на кипарската Влада Стефанос Стефану.

Според него, ваква средба е вклучена во документ на турското Министерство за надворешни работи за политиката, која ќе ја следи земјата оваа година. Портпаролот го определи конкретниот документ како опасен. Тој истакна дека Никозија треба да се придржува кон резолуциите на ОН, кои ја определуваат како суштината на решението, така и процедурите кои ќе го следат создавањето на двозонална федерација.

На крајот на минатата година турскиот министер за ЕУ Егемен Багаш изјави дека ја поддржува идејата за четиристрана конференција за Кипар со учество на премиерите на Грција и на Турција и на лидерите на двете кипарски заедници.

Багаш смета, дека таква конференција е можно да биде свикана по претседателските избори во Кипар во февруари идната година.

Кипар е поделен на меѓународно признаената Република Кипар, каде живеат претежно кипарски Грци и на Севернокипарска турска република, признаена само од Анкара.

Директни преговори меѓу двете заедници за уредување на кипарскиот проблем се водат од септември 2008 година, но сега дијалогот е „замрзнат“ поради разидување на позициите на двете страни.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски