Ангола купува руско оружје од една милијарда долари

Од:

Посетата на рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин на Ангола резултираше со постигнување на договор за достава на руско оружје во вредност од една милијарда долари, објави весникот „Ведемости“, повикувајќи се на извори блиски до раководството на државната компанија „Рособоронекспорт“ и Министерството за одбрана.

Со тоа Ангола станува најголемиот купувач на руско оружје во Африка јужно од Сахара. Договорот предвидува испорака на 18 користени борбени авиони Су-30К по нивна целосна поправка, како и резервни делови за оружје од советско производство, како што се огнено оружје, муницијa, тенкови, артилерија и хеликоптери. Предвидено е Русија да помогне при изградба на фабрика за муниција во Ангола.

Политичката соработка меѓу Русија и Ангола засега ја надминува економската, посочуваат експертите. Ангола е еден од главните сојузници на Русија во регионот и ги поддржува позициите на Москва во сириското прашање.

 

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија