Британската влада објави дека нема да ги продава шумите кои се државна споственост, туку ќе основа ново тело кое ќе се гржи за шумското богатство. Министерот за заштита на животна средина Овен Патерсон го прифати извештајот на група експерти во кој се вели дека шумите се национално богатство и не треба да се распродаваат.
Групата е основана во март 2011 година, откако во октомври претходната година владата најавила дека ќе продаде дел од шумите. Плановите за продавање на шумските богатства предизвикале повеќе од 500 илјади да потпишат интернет петиција против идејата.
Во јули минатата година е објавен првиот извештај на група независни советници во кој, покрај неодобрување на идејата, предложени биле и начини како шумите да се искористат квалитетно и да се сочуваат. Помеѓу предлозите било и да се зголеми квалитетот и квантитетот на достапноста на државните и приватните шуми, и со тоа да се зголеми шумската површина од 10 на 15 проценти до 2060 година.
– Сакам иднината на нашите шуми да има јасен и црвст темел. Нашите шуми ќе останат во државна сопственост за сите оние кои уживаат во нив и за животинскиот и растителен свет кои зависат и егзистираат во нив, изјави министерот Патерсон.
Во извештајот е наведено дека од данокот на државните шуми државата собира околу 20 милиони фунти годишно, тоа значи околу 90 пени од едно англиско домаќинство.
Одборот за шумарство оваа година ќе добие дополнителни 3,5 милиони фунти за да се надоканти износот на првобитниот план за распродажба на шумите, а уште два милиони фунти за борба против габични болести кои ги напаѓаат јасените.