Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Од:

Полицијата во Велика Британија уапси спортски водител под сомнение дека силувал дете, кое во моментот на наводното злосторство имало помалку од 10 години, пишува британски „Сан он Сандеј“.

На почетокот на неделава полицијата упадна во куќата на оженет ТВ водител во 4 часот наутро, му го одзеде компјутерот и ги однесе документите на вештачење.

Детективите го испрашаа обвинетиот и го задржаа во притвор околу 18 часа пред да биде ослободен со кауција во очекување на понатамошна истрага.

„Сан он сандеј“ пишува дека обвинението е за кривично дело кое наводно се случило години порано, а мажот во одреден временски период го силувал детето неколку пати. Во моментот на наводното кривично дело, познатиот осомничен, чие име не може да се објави од правни причини, работел во телевизиската индустрија.

За полициската истрага и апсењето биле известени неговите претпоставени, но се верува дека колегите на обвинетиот не биле информирани.

Би можело да ве интересира

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти