Англиската црква му се спротистави на Камерон

Од:

Англиканската црква, се спротивстави на европската политика на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Бискупот Ленгриш, во расправа во Горниот дом на Парламентот, изрази дилеми околу исправноста на барањето на Камерон за реформирање на ЕУ, онака како што бара Велика Британија.

Тој ги истакна „духовните корени“ на кои, како што вели, се потпира Унијата и го повика Камерон да се изјасни дали сака реформирање на ЕУ, за доброто на Европа, или пак само сака да одговори на политичките притисоци од партии, каква што е Британската партија на независноста УКИП.

Според бискупот Ленгриш, со својата политика Камерон и без да сака може да придонесе за бришење и за губење на „европската душа“.

Англиканската црква и Владата досега на неколкупати се судрија околу владините реформи во социјалната политика, бенифициите за сиромашните слоеви во општеството, како и околу острите мерки за кратење на домашниот буџет и намалувањето на внатрешниот долг на земјата.

Според Мајкл Ленгриш Англиканската црква има европска перспектива, па побара од премиерот Камерон да завземе тврда позиција во ЕУ за „вистинските причини“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство