Англија: Училиште со 20 различни јазици ги пребродува различностите

Од:

Ниту еден ученик во основнот училиште Гладстоун во Петербороу, Англија, не го говори англискиот како прв јазик, но и покрај тоа успеваат да ги пребродат предизвиците, пишува Гардијан.

Извештај на училиштето од англиската инспекција за образование е беспрекорен.

Петербороу е место каде се зборуваат повеќе од 100 јазици, а на повеќе од третина од младите таму англискиот јазик им е втор јазик.

Во ноември 2011-та година,според извештајот училиштето беше оценето како „неадекватно“ и му беше наредено да се подобри. По 16 стресни месеци со регуларна инспекција, извештајот се подобри.

„Стандардите се креваат многу брзо. Учениците прават одличен напредок, често од ниска почетна точка“, оценуваат инспекторите. Однесувањето на учениците скоро во секој извештај е добро оценет, но сега учениците имаат и добра академска оцена.

„Билингуаизмот не тешкотија при учењето. Позитивната страна на двојазичното дете е клучот.“ вели Кристин Паркер, учителка.

Нејзиниот поглед за предавање се трансформирал во 1986-та година кога апочнала да предава во училиште каде третина од учениците биле деца на пакистанци. Таа во доцните 80-ти започнала да предава во Пакистан, каде научила урду, и од тогаш предава во мултилингвистични училишта.

Во училиштето секоја недела предавач подготвува презентација за неговите колеги за земјите на учениците. Минатата недела била Латвија, а наредната е Литванија. Ова е само еден начин на кој Гладстоун го премостува јазичниот предизвик. Училиштето има 18 асистенти, по еден за секој клас, а 10 од асистентите се билингвални, што е мнгоу значајно во училиницата. Крис Велс, учител од Грантам не чувствува проблем со различните јазици.

„Понекогаш се чувствувам надброен, но никогаш не е голем проблем за мене“, вели Велс, кој има асистент кој говори седум јазици, и веднаш забележува ако учениците се однесуваат лошо.

„Не само што поголемиот дел од светот е билингвален, туку голем дел од светот е мултилингвален. Ние сме чудните. Кога работев во Пакистан, многу од моите пријатели говореа пет, шест, седум јазици. Настојуваме да имаме страв за јазици, но различни јазици носат различни начини на перцепција на светот“, вели Паркер.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство