[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]
Шест новинари од згаснатиот британски таблоид „News of the World“ се уапсени во склоп на истрагата за прислушкувани приватни телефорни на граѓаните во период од 2005-та до 2006-та година, јавува Би-Би-Си.
Приведени се тројца мажи и три жени од регионот на Лондон. Весникот на Руперт Мурдок, „News of the World“, беше прекинат во 2011-та година, откако беше откриено дека неговите новинари прислушкуваат познати личности, спортисти и политичари, но и жртви на криминал и сексуално злоупотребување.
Покрај тоа, новинарите купувале податоци од полицијата, поради што уапсени се и неколку високи полициски функционери.