Хамбургерите со халал јагнешко месо се повлечени од менито во училиштата во британскиот град Лестер, откако во нив било откриено свинско месо.
По скандалот со коњско месо, кое беше пронајдено во производи со говедско, заострена е контролата во Велика Британија, а инспекторите сега најдоа нови нерегуларности.
Халал производите се користат во 24 училишта во Лестер, но хамбургерите биле испорачани во 19 училишта.
Градските власти соопштија дека се згрозени од оваа ситуација и дека е срамно повеќе никој да не може да има доверба во производителите на храна.
Сепак, ветиле дека случајот ќе биде детално испитан, а одговорните казнети.