Одговорните на британскиот аеродром Хитрор забранија авионот „Ербас 318“ од рoмaнска компанија „Таром“ да полета за Букурешт, бидејќи најверојатно пилотот се опијанил.
„Го откажавме затоа што еден од екипата не беше во физичка состојба да ја изврши својата задача, што беше утврдено на медицинската контрола“, соопштија од рoмaнската авиокомпанија.
Во соопштението е наведено дека пилотот е вратен во Румунија и суспендиран се додека не заврши истрагата. Доколку резултатите покажат дека пилотот конзумирал алкохол, веднаш ќе му биде одземена лиценцата.