Англичаните веруваат дека Шкотска ќе остане во Велика Британија

Од:

Големо мнозинство од Англичаните веруваат дека Шкотска и по референдумот за независност, што ќе се одржи во четврток, ќе остане дел од Велика Британија.

Истраживање, спроведено на почетокот од овој месец, покажува дека 70 отсто од гласачите во Англија сметаат дека мнозинството Шкотланѓани нема да ги поддржат сепаратистите во обидот за отцепување и за растурање на 307 години старата унија меѓу Англија и Шкотска.

Малку над половина од анкетираните или 53 отсто, се согласуваат Шкотска како независна држава да ја задржи британската фунта како своја валута, но 61 отсто сметаат дека по гласањето против отцепувањето и останувањето во заедничката држава, ќе треба да се изменат работите околу гласањето на пратениците во британскиот Парламент во Лондон.

Учесниците во анкетата направена меѓу англиските гласачи, мислат дека британските пратеници од шкотските изборни единици не би требало да гласаат за законите кои се однесуваат за Англија и за Велс, како и за оние области  кои веќе се префрлени во надлежност на Парламентот во Единбург или се најавува дека ќе бидат предадени, како фискалната политика и социјалните бенифиции.

Последното мерење на агенцијата ИЦМ, направено за „Гардијан“, покажува дека продолжува „мрвата трка“ на сепаратистите и унионистите, па сега противниците на отцепувањето на Шкотска имаат подршка од 51 отсто, наспротив 49 отсто кои сакаат независност.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот