Ангела Меркел посакува конструктивен дијалог со Владимнир Путин

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека и покрај санкциите кон Русија, сака да го продолжи дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, но само доколку тој биде конструктивен.

– И покрај санкциите, правам се да не се затвари вратата за разговори со рускиот претседател. Но, за конструктивен дијалог секогаш е потребно да се има повеќе од еден соговорник, изјави Меркел во интервју за „Зексише цајтунг“.

– Секогаш сум ја прифаќала обврската со Русија да работам на конструктивен начин и подготвена сум и во иднина да работам на тоа, потенцира Меркел.

Според нед, Русија треба да прифати дека Украина може сама слободно и демократски да решава за својата иднина.

– Во тој однос ние треба јасно и силно да ги заштитиме нашите принципи, дополни германскиот канцелар.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“