Ангела Меркел го брани прифаќањето бегалци, но сама не би ги примила

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска застана во одбрана на својата политика на „отворени врати“ кон бегалците, истакнувајќи дека тоа е „дел од основната хуманост на Германија“, но додаде и дека таа не би можела да замисли да прими бегалци во својот дом.

Меркел во интервју за весникот „Билд“ истакна дека нејзина работа не е да „шири загриженост, туку да работи на изнаоѓање решение за проблемите“.

Таа изрази разбирање за стравот на граѓаните од рекордниот прилив на бегалци, за кои се очекува во Германија оваа година да пристигнат меѓу 800.000 и еден милион лица.

– За мене дел од основната хуманост на нашата земја е да ги прифатиме бегалците на пријателски начин, како што би направиле и со сите други човечки суштества, нагласи германската канцеларка.

На прашањето дали би можела да прими мигранти во својот дом, Меркел одговори дека „иако има големо почитување кон луѓето кои тоа го направиле, јас не можам да замислам тоа сега да го спроведам“.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски