Анджеј Дуда е новиот претседател на Полска

Од:

Официјалните резултати од претседателските избори во Полски ја потврдија победата на конзервативецот Анджеј Дуда, кој освои 51,55 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат во вториот круг, Бронислав Коморовски 48,45 проценти, соопшти Централната изборна комисија.

Одѕивот на изборите во Полска бил 55,34 отсто, каде има повеќе од 37 милиони гласачи.

Четириесет и тригодишниот Дуда ќе ја преземе претседателската должност во август. Неговата победа претставува сериозна закана за Владата пред парламентарните избори кои ќе се одржат оваа есен.

Досегашниот полски претседател Бронислав Коморовски го призна синоќа поразот, откако излезните анкети покажаа дека победата ја освои Дуда.

До неодамна релативно непознатиот, кандидат на национално-конзервативната Партија за право и правда, Дуда однесе неочекувана победа на изборите, што би можело да ја измени досегашната политика на најголемата економија на источна Европа кон ЕУ и да го загрози нејзиното членство во еврозоната.

Дуда во предизборната кампања истакна дека Полска треба да го воведе еврото „дури кога сите Полјаци ќе заработуваат колку и граѓаните од западните земји“. Партијата за право и правда, имено, не е толку ентузијастичка кога станува збор за развој на односите со Брисел и смета дека приоритетот на Варшава треба да бидат личните интереси.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата