Република Кипар ја надмина рецесијата и се справи со сериозната економска криза, изјави денеска кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.
– Длабоката рецесија и сериозната економска криза, за среќа, веќе се минато. Сега Кипар е една од најбрзо растечките економии на Европската унија со тековно ниво на раст од речиси три проценти од бруто домашниот производ, нагласи Анастасиадис на копарско-либанскиот бизнис форум во Бејрут.
Кипарскиот претседател наведе дека кредитниот рејтинг на земјата во моментов се наоѓа на еден степен под неопходното ниво за привлекување инвестиции, „што подобро од се друго потврдува дека ова е вистинскиот пат кон целосно враќање на довербата во Кипар меѓу светската инвестициска заедница“.
– Од своја страна би сакал да го потврдам големиот ангажман на мојата Влада да продолжи да работи на тоа Кипар да остане на патот на одржлив раст, посочи Анастасиадис.