Група експерти кои пред 15 години биле ангажирани од ЦИА да предвидат каква ќе биде 2015 година, погодиле дека ќе има експанзија на дигиталната и мобилната технологија. Сепак, експертите промашиле дека Русија ќе ослабе и оти ќе умре Фидел Кастро, објави британски Телеграф.
Нивните предвидувања се регистрирани во извештај од 70 страници каде е „покриено“ се – од нанотехнологија до раст и пад на цените на нафтата, демографски промени на светско ниво и судбината на светската економија.
Експертите на ЦИА точно предвиделе експанзија на дигиталната и мобилна технологија.
– Универзалната бежична мобилна комуникација ќе направи најголема глобална трансформација од индустриската револуција, е еден од заклучоците.
Предвиделе и дека ИТ револуцијата ќе има и политички последици, а вистински пример е интернет опозицијата на авторитарните режими на Блискиот исток, односно движењето Арапска пролет. Отворени се и неколку нови патишта за судирање на нации, но не во отворено боиште туку и во негова дигитална верзија. Примери за тоа се кибер нападите на Кина и Русија врз САД како и американското користење на вирусот Stuxnet користен за саботажа на иранската нуклеарна програма.
Експерите на ЦИА предвиделе и биолошки „бум“, но тоа само половично го погодиле. Тие биле оптимистични на биотехнлогијата и предвиделе зачестено профилирање на личните гени и трансплантација на вештачки одгледани органи. Предвиделе и клонирање животни заради продизводство на месо, но предупредиле и на терористи и тоа тие да може да произведат нови опасни вируси и бактерии.
Сметале дека многу богатите луѓе со помош на биотехнологија би можеле подолго да живеат. Биле во право во врска со ГМО кое глобално е проширено.
Имале анализа дека Русија ќе ослабе, но рускиот претседател Владимир Путин изградил мрежа на влијание од Грција до Сирија, наведува Телеграф.
Наместо предвидените 2.500 нуклеарни боеви глави Русија моментно има преку 8.000.
Промашиле во врска со обединувањето на двете Кореи, како и смрт на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро.
Половично ја предвиделе и светската популација – тие сметале дека ќе има над 7 милијарди луѓе и дека растот ќе биде успорен или во опаѓање во Русија и Источна европа. Во Русија има денес помалку жители отколку пред 15 години, но погрешиле во Африка – популацијата во субсахарски држави се зголемува.
Точнио предвиделе дека стареењето на населението во развиените држави од Западот ќе предизвика криза – од пад на односот работник пензионер до увозот на работна сила и проблемот со миграциите.
Експертите на ЦИА предвиделе и терористички напади, а тоа веќе се оствари во 2001 година.