Анализа на Би-Би-Си: Паралелниот универзум на Путин

Од:

Голем дел од говорот на Владимир Путин за Украина звучеше како трескавичен сон. Беше тоа кошмарна визија за Украина, како за земја која е економски осакатена, крајно корумпирана, наклонета кон развој на нуклеарно и друго оружје за масовно уништување и неблагодарна за целото великодушно внимание што и го посветува Русија уште од распаѓањето на СССР, се наведува во мини анализата на Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

„Ова не беше ново. Путин напиша долга статија минатото лето, изнесувајќи многу од истите аргументи. Но, тоа не значи дека говорот на Путин не беше шокантен. Ако ништо друго, сите што се сомневаа можеа да се уверат дека Путин зборува од сосема поинаква перспектива. Тоа не беше само поинаква верзија на историјата, тоа беше говор од паралелен универзум, според Би-Би-Си.

Но, дали има лекции и за западот? Зошто, праша г-дин Путин, НАТО стана непријател на Русија? Западната алијанса секако никогаш не се нафатила да направи такво нешто. Но, рускиот лидер уште еднаш подвлече дека Кремљ и понатаму е длабоко огорчен од начинот на кој се одвиваше историјата. Според логиката на Путин за сè или ништо, НАТО добил сè, на сметка што Русија не добила ништо.

Емануел Макрон зборуваше за решавање на „грешките од минатото“ откако се сретна со Путин во Москва пред две недели. Веројатно, сугерирајќи дека Западот сноси одредена одговорност што дозволи оваа врска толку лошо да се влоши.

Ако и кога кризата околу Украина може да се реши, како НАТО и Русија можат да ја ревитализираат врската?“, прашува Би-Би-Си во анализата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Путин му рекол на Шолц дека пристапот на Западот кон Украина е „деструктивен“

А1он

Кремљ: Путин е отворен за разговори за можно решение во Украина

А1он

Бајден „подготвен на средба со Путин“ ако со тоа се стави крај на војната во Украина

Ана Ололовска

Макрон: Путин направи голема грешка кога ја започна војната во Украина

Ана Ололовска

Путин предложи: Нова унија со Казахстан и Узбекистан?

А1он

(ВИДЕО) Столтенберг: Путин не е во состојба да го постигне тоа што го сака во Украина, затоа станува се побрутален

Ана Ололовска