Главниот град на Холандија и околината денеска останаа без струја, а холандската електро-дистрибутивна компанија ТенеТ објави дека тоа е поради преоптовареност.
Без струја останаа големи делови од провинцијата Северна Холандија, вклучително и телевизискиот центар Хилверсум.
Аеродромот Шипхол привремено остана без струја и работи само на агрегати. Откажани се летови кон и од аеродромот.