Амнести интернешнл оцени дека притоврените каталонски сепаратистички функционери не може да се сметаат за политички затвореници, бидејќи биле обвинети за дела кои може да претставуваат кривично дело.
Осуммината членови на каталонската влада, разрешени од Мадрид и приведени со обвинение за бунт се оквалификуваат како политички затвореници од страна на сепаратистите. Освен функционерите под обвинение за бунт приведени се и двајца активисти.
Шпанската подружница на Амнести интернешнл наведе дека не би го употребиле терминот „политички затвореник“ туку „затвореник на совеста“.