Амнести Интернешенел ја обвини Кина за примена на тортура

Од:

Организацијата за човекови права Амнести Интернешенел (АИ) ја обвини Кина за „широко распростанетата“ тортура, што ја применува полицијата за да изнуди признание од уапсените.

Извештајот на АИ добиен со интервјуа и разговори на околу 40 кинески адвокати, специјализирани за заштита на човековите права.

Врховниот суд на Кина, во 2013 година забрани примена на тортура, во рамките на усвоените реформи на правосудниот и кривичниот процес, но домашните активисти за човекови права предупредуваат дека тортурата и натаму „широко се применува“.

Официјален Пекинг, засега, не реагира на обвинувањата од АИ.

По сличното обвинување од Хјуман Рајтс Воч (ХРВ) објавено во мај оваа година, кинеското Министерство за надворешни работи реагираше со соопштение, во кое инсистираше дека законодавството на Кина забранува тортура во текот на полициското испитување.

Извештајот на Амнести интернешенел посочува дека уапсените, најчесто се изложени на шлаканици, како и на удари со тупаници, со чевли по телото и со шишиња наполнети со вода.

Овој извештај се појавува на само една недела пред Комисијата против тортурата при ОН, да расправа за извештајот за состојбата со човековите права во Кина.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио