Предлог-уставот одобрен денеска од египетското уставотворно собрание ќе биде едно „огромно разочарување“ за повеќето Египѓани, сооопшти Амнести интернешенел, пренесува МИА.
Овој документ, на начинот на кој е усвоен, ќе придионесе за едно огромно разочарување за премногу Египѓани кои излегоа на улиците за да го избркаат (поранешниот претеседател) Хосни Мубарак барајќи си ги своите права, изјави Хашиба Хаџ Сахраоуи, експерт на Амнести за Блискиот исток и Северна Африка.
Амнести апелираше до претседателот Мухамед Морси да „ги врати предлог-уставот и референдумот на вистинскиот правец, во кој ќе бидат вклучени сите сектори во општеството, ќе се распектира владеењето на правото, вклучувајќи ја и виталната улога на независното судство – а резултатот на новиот устав ќе бидат загарантираните човекови права, еднаквоста и дигнитетот за сите“, пренесува ДПА.
Египетскиот Парламент рано изутринава го усвои предлог-уставот, со кој сака да постигне трансформација на земјата и кој ќе биде ставен на референдум до средината на следниот месец.
На седницата, која траеше 19 часа, усвоени се 234 членови од уставот, кој треба да го трансформира Египет и да отвори пат кон завршување на кризата која кулминираше кога претседателот Мохамед Морси донесе декрет со кој си даде преголеми овластувања.
Усвоениот предлог содржи историски промени во египетскиот систем на владеење, на пример дека шефот на државата ќе може да се избира во два мандата по ред од по четири години, додека соборениот претседател Хосни Мубарак беше на власт три децении. Новиот документ содржи и членови кои се однесуваат и на статусот на исламот, воената улога, човековите права во ерата по Мубарак.
– Ова е револуционерен устав, изјави претседателот на парламентот Хосам ел Геријани.
Се очекува документот Морси да го ратификува до утре, по што за две недели ќе биде ставен на референдум.
Опозицијата не се согласува што донесувањето на предлог-уставот било „избрзано“ и е против некои одредби за слободите и правата. Христијаните се против задржувањето на „шеријатските принципи“ како главна основа на законодавството.