Организацијата за заштита на човекови права Амнестиинтернешанл (АИ) денеска ги повика државите од Г-20 да изработат конкретен план за сместување на бегалците и за финансирање на нивните хуманитарни потреби.
Соопштението на АИ е објавено пред почетокот на Самитот на Г-20 во Турција, на која главна тема ќе биде бегалската криза.
Амнести интернешанл ги обвинува државите од Г-20 дека „стојат на маргините“ додека бегалската криза се влошува, а во некои случаи дури и го блокираат пристап на бегалците до безбедни места.
АИ во соопштението наведува оти верува дека Самитот е можност земјите членки на Г-20 да се откажат од своето „шокантно недејствување“ за бегалската криза.