Амнести и ХРВ: Турција присилно враќа бегалци во Сирија

Од:

Турција присилно праќа сириски бегалци во подрачјето на Сирија во близина на границата, каде има за цел да воспостави „безбедносна зона“ и покрај тоа што конфликтот не е завршен, се вели во извештај на Амнести Интернешнл објавен денеска.

Human Rights Watch (ХРВ) исто така објави извештај во кој се тврди дека турските власти произволно притвориле и депортирале десетици Сиријци во северна Сирија во периодот од јануари до септември.

Во моментов во Турција има околу 3,6 милиони бегалци кои избегале од сириската граѓанска војна.

Анкара се надева дека ќе пресели два милиони бегалци во „безбедносна зона“ во североисточна Сирија. Турција наведе дека повеќе од 350.000 сириски бегалци веќе доброволно се вратиле во својата земја.

Амнести Интернешнл во својот извештај тврди дека бегалците со кои разговарале се пожалиле дека им се заканувале или дека турската полиција физички ги натерала да потпишат документи во кои изјавуваат дека доброволно се враќаат во Сирија.

Организацијата за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во реалност, Турција ги ставила во опасност животите на сириските бегалци принудувајќи ги да се вратат во воената зона.

Засега нема реакција од Анкара на извештајот на Амнести Интернешнл, но Анкара претходно негираше дека праќала Сиријци назад во земјата против нивна волја.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка