Американското Министерство за правда отвори истрага против полицијата во Минеаполис

Од:

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд изјави дека Министерството за правда на САД ќе започне истрага за полицијата во Минеаполис, објавија американски медиуми.

Проверката ќе ги опфати полициските практики – од прекумерна употреба на сила до дискриминација на лица со здравствени проблеми.

Истрагата е објавена откако поротата одлучи да го осуди поранешниот полицаец Дерек Шовин за убиството на Џорџ Флојд.

На прес-конференција, Гарланд истакна дека истрагата ќе процени дали полицијата во Минеаполис е поврзана со модел или практика на прекумерна употреба на сила, вклучително и за време на протести.

Претходно, Гарланд вети дека борбата против полициското самоволие ќе биде приоритет.

Американскиот претседател Џо Бајден ја оцени одлуката на поротата како „огромен чекор“ кон правдата во САД.

Претходно, Министерството за правда објави истрага во која ќе се процени дали оние кои се вмешани во смртта на Флојд ги повредиле неговите граѓански права. гт/

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски