Воени претставници на САД и Русија одржаа средба посветена на „спречување на недоразбирањата меѓу силите на двете земји“ кои извршуваат воздушни напади во Сирија, соопшти вечерва портпарплот на Белата куќа, Џош Ернест.
Тој нагласи дека целта на едночасовните разговори биле усогласување на руските воени активности со меѓународните правила и користење на меѓународно утврдените комуникациски канали.
Џош предупреди и дека „неселективните“ напади на руските сили може да претставуваат ризик за продолжување на конфликтот или за вовлекување на Москва во воениот судир во Сирија.