Американските служби за Итна помош пред колапс, се очекува спасоносната вакцинација

Од:

Службите за Брзата помош во САД се пред колапс поради ситуацијата со коронавирусот, соопшти денеска Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на писмо испратено од Асоцијацијата за брза медицинска помош до Министерството за здравство.

Во меѓувреме, нацијата исчекува и се надева вакцинацијата да почне што побрзо.

Во писмото на асоцијацијата е наведено дека „не е исклучен колапс“, без итна дополнителна финансиска помош. Според претставници, на службите за Брза помош итно им требаат најмалку 2.62 милијарди долари, или по 43.500 долари на секоја од околу 60.000 служби за брза помош кои одговараат на повикот „911“.

Приватните служби за брза помош во САД (ЕМС) примиле 450 милиони долари сојузни пари во април, што биле потрошени за неколку недели, а со вториот бран на вирусот потребна е дополнителна помош.

Хозе Ромеро, претседател на Комитетот за консултации за имунизација при Одделот за здравство на Арканзас, синоќа наведе кои категории на граѓани први можат да бидат вакцинирани против новиот коронавирус. Според него, вакцина прво треба да добијат медицинските работници и луѓето кои живеат во пензионерските населби и старечките домови.

Како што јави синоќа „Вашингтон пост“, во текот на декември треба да бидат пуштени околу 40 милиони дози на вакцини од фармацевстките компании „Фајзер“ и „Модерна“, доволни да се имунизираат 20 милиони луѓе. Засега, за тоа се уште се чека одобрување од Администрацијата за храна и лекови на САД.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“