Американските пратеници се за враќање на Северна Кореја на листата на терористички нации

Од:

Наводниот атентат врз полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги наведе пратениците од двете најголеми партии во САД да ја стават повторно Северна Кореја на листата на држави кои поддржуваат тероризам, откако пред девет години земјата беше отстранета од таа листа.

Таквиот потег дополнително ќе ја изолира земјата, што може да предизвика проблеми во идните дипломатски разговори за откажување на севернокорејските ракетни и нуклеарни програми.

САД ја стави Северна Кореја на листата по нападот на јужнокорејскиот авион на релација Сеул-Багдад во 1987 година, кога загинаа сите 116 патници и членови на екипажот.

Моментно САД ги смета Иран, Судан и Сирија како држави кои поддржуваат тероризам, а за Северна Кореја да се најде повторно на листата ќе мора да се утврди дека често давала поддршка на меѓународни терористички напади.

Еден ден пред убиството на полубратот на Ким Џонг-ун, додека американскиот претседател Доналд Трамп бил на состанок со јапонскиот премиер, Пјонгјанг истрела балистичка ракета со среден дострел.

Трамп изјави дека „ќе ја реши работата“ со Северна Кореја, но не соопшти детали на кој начин ќе го направи тоа.

Демократски и републикански конгресмени бараат од Трамп да ги зајакне санкциите против Северна Кореја, како и да ја принуди Кина да има поостар пристап кон „својот сосед“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“