Американските граѓани имаат право да покажуваат среден прст на полиција

Од:

Апелациски суд на САД утврди дека граѓаните имаат право да покажат среден прст на полиција како израз на нивното право на слобода на говорот, јави радиото „Ен-Пи-Ар“.

Во текот на судењето, Дебра Круиз-Гуљас опишала како во 2017 година била запрена од полицаецот Метју Минард поради пречекорување на брзината. Тој сепак и дошол во пресрет давајќи и казна за помало нарушување – запирање на транспортно средство.

Откако Круиз-Гуљас заминала таа направила гест насочен кон полицаецот покажувајќи го средниот палец. Поради тоа тој ја застанал уште еднаш и ја казнил за пречекорување на брзината. Круиз-Гуљас одлучила да оди на Суд бранејќи се дека нејзиниот гест е заштитен со Првиот амандман од Уставот на САД. Судот ја прифатил нејзината жалба.

Во решението на судијата Џефри Сатон се вели дека „кој било свесен полициски службеник треба да знае дека граѓанин кој покажува среден прст е заштитен со Првиот амандман“. Се додава дека жената не нарушила закони и тоа не оправдува да биде повторно запрена, а со реакцијата „таа го искористила своето право на слобода на говор“.

Својата постапка Минард ја споредил со отказ на обвинитителот да се договори со обвинетиот поради тоа што тој покажува навредливо однесување. Судот ги отфрлил неговите наводи.

-Овие постапки најповеќе укажуваат на случај со судија кој повикува пред Суд обвинет една или две недели после прогласување на казната, врз основа на барање од казнетиот… Минард очигледно немал доволно причини повторно да ја запре Круиз-Гуљас, зклучил судијата Сатон.

Би можело да ве интересира

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Загреб: Мајка влегла во Сава со своето девојче

Горан Наумовски

Мајка со дете влегла во Сава, во тек е потрага по детето

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски