Американскиот Сенат го избра Џејмс Коуми за директор на ФБИ

Од:

Сенатот на Конгресот на САД синоќа го потврди изборот на поранешниот американски заменик министер за правда Џејмс Коуми за нов директор на Федералното истражно биро (ФБИ).

„За“ предлогот на претседателот Барак Обама републиканецот Коуми да биде новиот директор на ФБИ гласаа 93 сенатори, а еден беше „против“.

Досегашниот директор на ФБИ, Милер ќе се повлече од функцијата во текот на септември, откако 12 години го предводеше Бирото.

Коуми (52) е поранешен обвинител, експерт за национална безбедност и во времето на Џорџ Буш помладиот, од 2003 до 2005 година беше заменик министер за правда.

Во 2004 година Коуми го одби барањето на високи службеници во Белата куќа Министерството за правда, без посебна наредба, да го продолжи важењето на Програмата за прислушување на Агенцијата за национална безбедност (НСА), што беше воведена по
терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Со тоа тој ја доби поддршката на демократите, кои беа против програмата на тогашниот претседател Буш за следење на комуникациите.

ФБИ има 36.000 вработени, меѓу кои и 13.785 специјални агенти, кои истражуваат внатрешен и меѓународен тероризам, кршење на човековите права, шверц со наркотици и корупција.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски