Американскиот конгресмен од Алјаска, Дон Јанг ненадејно почина во авион

Од:

Американскиот конгресмен Дон Јанг, кој е член на Конгресот од 1973 година, почина вчера додека патуваше дома во Алјаска, соопшти неговиот кабинет.

– Наследството на Дон Јанг како борец за државата ќе живее, како и неговата основна добрина и чест. Многу ќе ни недостасува, се вели во соопштението од кабинетот по повод смртта на 88-годишниот републикански конгресмен.

Неговата канцеларија не ја наведе причината за смртта, но малку порано весникот Anchorage Daily News објави дека Јанг изгубил свест на летот од Лос Анџелес до Сиетл и дека не било можно да се реанимира.

Јанг беше единствениот претставник на Алјаска во Конгресот на САД и нејзин член со најдолг стаж.

– Неговиот жестоко независен глас за Алјаска, единствената духовитост и карактер ќе недостасуваат, напиша на Твитер Дин Филипс, демократ од Минесота.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД