Американскиот генерал Филип Бридлав е нов командант на НАТО

Од:

Американскиот генерал Филип Бридлав денес ја презеде врховната команда на НАТО, со ветување дека ќе и даде поддршка на 28-члената воена алијанса, во моментот кога таа ќе се подготвува за повлекување од Авганистан, идната година.

Бридлав (57) формално ја презеде должноста врховен командант на сојузничките сили во Европа, од американскиот адмирал Џејмс Ставридис на церемонијата во Монс, на југот на Белгија, со која претседаваше генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Во рамките на традицијата, Северноатланската атлантската алијанса на чело со САД, командува американски офицер, а Бридлав е 17-ти по ред кој ја презема таа задача.

Тој на функцијата е именуван во март, откако командантот на силите на НАТО во Авганистан, Џон Ален беше ислучен од изборот поради поврзаност со скандалот кој резултира со смена на директорот на ЦИА, Дејвид Петреус, кој исто така раководеше со мисија во Авганистан.

-Мој прв и траен приоритет е да обезбедам НАТО да остане буден и подготвен да се соочи со предизвиците и заканите во иднина, со агилни, способни и меѓуоперативни сили-истакна тој.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море