Американскиот амбасадор во Панама: Не можам да му служам на Трамп

Од:

Амбасадорот на САД во Панама, Џон Фили, кариерен дипломат и поранешен пилот на хеликоптер си поднесе оставка од својата функција, објаснувајќи дека не може да му служи на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Како млад офицер на надворешнополитичката служба, дадов заклетва дека верно ќе му служам на претседателот и неговата администрација на аполитичен начин, дури и кога не се согласувам со одредена политика. Тие кои ме обучуваат јасно ми ставија до знаење дека ако верувам дека не можам да го правам тоа, имам обврска да си поднесам оставка. Тој момент дојде сега, напишал Фили во писмото до Стејт департментот.

Оставката на Фили ја потврди и портпаролката на Стејт департмент, наведувајќи дека тој ја известил Белата куќа, Стејт департментот и владата на Панама за неговата одлука.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија