Американски војник планирал напад од заседа врз сопствената единица

Од:

Американскиот војник Итан Мелцер, е обвинет за терористички активности, откако беше откриено дека планирал напад од заседа, а цел била воената единица во која и самиот служел.

22-годишен припадник на американската војска е обвинет за испраќање чувствителни информации за својата единица во организација наречена Редот на деветте ангели, која Министерството за правда на САД ја опишува како окултна, неонацистичка и расистичка група на насилни екстремисти.

Според Би-Би-Си, Мелцер планирал тие информации да бидат проследени на џихадистички групи, кои потоа, на тлото на странска земја, би ја нападнале единицата.

Намерите на Мелцер биле спречени од страна на американската војска и Федералното биро за истраги (ФБИ) кон крајот на минатиот месец. Тој бил уапсен на 10 јуни, соопшти американската војска.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски