Американски воен авион-цистерна се урна во Киргистан

Од:

Авион од типот Ц-135 на американското Воено воздухопловство се урна денеска во реонот на селото Чалдабар во киргистанската Чујаска Област, во близина на границата со Казахстан, соопшти Министерството за вонредни состојби на Кригистан.

Во соопштението се посочува дека авионот-цистерна исчезнал од екраните на радарите неколкуминути по полетувањето од воената база „Манас“, која се наоѓа во близина на главниот град на Киргистан, Бишкек.

Според очевидци, авионот експлодирал уште во воздухот по што делови од него паднале на земјата. По падот делови од леталото се запалиле. Во реонот на несреќата се упатени спасувачки тимови кои трагаат по остатоците на леталото.

Претставникот на локалните власти Канат Давлетов инфромира дека петмината членови на екипажот на авионот се катапултирале од опожареното летало.

– Сега ги бараат во планините, додаде Давлетов.

Воената база „Манас“, чиј официјален назив е Центар за транзитен транспорт, е отворена во декември 2001 година, за потребите на коалициските сили при инвазијата во Авганистан. Во моментот во базата има околу 1.200 странски војници, од кои над 900 се Американци.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините