Американски туристи носеле неексплодирана бомба на аеродром во Израел

Од:

На туристи од САД, кои во својот багаж носеле и неексплодирана граната, им било дозволено да се качат во авион, по претресување од страна на безбедносниот персонал, соопшти управата на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, пишува „Џерузалем пост“.

Американското семејство предизвикало тревога поради бомбата на главниот израелски аеродром, кога на безбедносните службеници им ја пријавиле неексплодирана граната, пронајдена за време на посетата на Голанската висорамнина и спакувана за враќање, соопштија властите.

На видеото, што се појави на социјалните мрежи, може да се види како патници во паника бегаат низ аеродромската зграда на „Бен Гурион“.

Според управата на аеродромот, едно лице е хоспитализирано поради повреди, добиени при обид да побегне низ движечката лента за багаж.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски