Американски судија официјално го одложи судењето на Трамп за субверзија на изборите

Од:

Американски судија официјално го одложи судењето на Трамп за субверзија на изборите.

Американскиот федерален суд денеска официјално го одложи судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп поради федералните обвиненија дека барал поништување на резултатите од изборите во 2020 година.

Датумот првично беше одреден за 4 март, но случајот беше одложен откако адвокатите на Трамп поднесоа жалба на одлуката на федералниот судија да ги отфрли аргументите за неговиот имунитет во случајот.

Апелациониот суд допрва треба да донесе одлука за имунитет, јавува Танјуг.

Одложувањето е победа за поранешниот претседател, кој во неколку наврати се обидуваше да го одложи судењето до претседателските избори во 2024 година, пренесува Си-Ен-Ен.

Окружниот апелационен суд на САД во Вашингтон ќе разгледа дали Трамп има право на имунитет за дејствија преземени додека беше претседател или може да му се суди.

Случајот најверојатно дополнително ќе биде обжален до Врховниот суд откако Апелациониот суд ќе ја донесе својата одлука.

Би можело да ве интересира

Големите компании донираат милиони за Трамп

ВИДЕО: Луѓето на Трамп направија конкретен чекор за купување на Гренланд

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Дански медиуми: Синот на Трамп ангажира бездомници на Гренланд за да се претставуваат како негови поддржувачи

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд