Американски суд: Пенс мора да сведочи за неговите разговори со Трамп

Од:

Федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи пред големата порота за разговорите што ги имал со поранешниот претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавуваат медиумите.

Во одлуката, судијата рече и дека Пенс сепак може да одбие да одговори на прашања поврзани со 6 јануари, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на анонимни извори, додавајќи дека Пенс сепак може да поднесе жалба на пресудата.

NBC, исто така, објави за одлуката на судијата, повикувајќи се на извори запознаени со пресудата, кои рекоа дека таа го принудува поранешниот потпретседател на Трамп да се појави пред федералната голема порота, но дека тој е заштитен од сведочење за 6 јануари 2021 година. Њујорк Тајмс исто така објави дека според пресудата Пенс мора да се појави на суд.

Претставниците на специјалниот советник Џек Смит, кој ја води истрагата на Министерството за правда за наводните напори на Трамп и неговите сојузници да ја поништат загубата на изборите во 2020 година, не беа веднаш достапни за коментар.

Не биле достапни ниту претставниците на Пенс.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро