Американски суд отфрли тужба за поништување на резултатите од претседателските избори

Од:

Американски судија ја отфрли тужбата на републикански конгресмен кој инсистира потпретседателот Мајк Пенс да може да ги отфрли резултатите од Изборниот колеџ кога Конгресот ќе се состане в среда за да ја потврди победата на Џо Бајден над Доналд Трамп.

Еден од последните обиди на сојузниците на Трамп да го отфрлат резултатот од претседателските избори во ноември беше блокиран од судијата Џереми Корнодл, назначен од американскиот лидер.

Тужбата е поднесена од републиканецот Лу Гомерт од Тексас. Судијата пресуди дека нема основа да се преземат правни активности за поништување на резултатите од гласањето во Аризона.

Гомерт и другите тужители најавија дека ќе поднесат жалба.

Тие бараат судот да му даде право на Мајк Пенс да ги отфрли резултатите од некои држави, што всушност значи поништување на резултатот од гласањето во Изборниот колеџ, кој го избра Џо Бајден за претседател со 306 наспроти 232 изборни гласови за Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата