Американски суд му пресуди 58 милиони долари отштета на маж кој настрада во тепачка во бар

Од:

Калифорниски суд на молерот Антониот Лопес Чахму пресуди оштета од 58 милиони долари затоа што во тепачка во бра се здобил со повреда на черепот и тешки повреди на мозокот, соопшти весникот „Лос Анџелес тајмс“, цитиран од ДПА.

Лопес Чах (43) бил претепан од обезбедувач на барот, кој немал лиценца за оваа професија. Се се случило откако Чахсе обидел да ја запре тепачката меѓусвоите роднини и барменот, во април 2010 година.

Лекарите по тепачката биле принудени да отстранат дел од черепот и мозокот, а на снимки се гледа дека черепот на мажот е тешко деформиран.

Според сослушувањата во судот обезбедувачот го удрил повеќе пати со палка, го клоцал во главата и главата муја удирал од земјата.

Чах веќе не може да зборува, а сериозноста на повредите значат дека тој може и воопшто да не ја разбере одлуката на судот, изјави неговиот адвокат.

Правниот застапник, по читањето на пресудата за предметот притив фирмата за обезбедување, изјави дека на својот клиент му објаснил дека ќе се грижат за него во текот на остатокот од неговиот живот.

-Како што гледате му фали 25 проценти од черепот, рече адвокатот.

Пресудата вклучува 11,5 милиони долари за идните медицински трошоци, 35 милиони долари за веќе претрпените болки и страдања и 11 милиони долари за идните болки и страдања.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак