Американски студент во Северна Кореја осуден на 15 години принудна работа

Од:

Американскиот студент Ото Вормбир, кој призна дека украл пропаганден плакат од хотел во Северна Кореја, денеска е осуден на 15 години принудна работа заради сторен „криминал против државата“, информира агенцијата Ксинхуа.

Пресудата ја изрече Врховниот суд на Северна Кореја, дополни кинеската агенција во кратката информација со извор од Пјонгјанг.

Вормбир (21), студент на Универзитетот Вирџинија, кон крајот на февруари призна дека го извршил „тешкото дело“ против државата.

Вормбир тогаш кажа дека  жена верник му понудила половен автомобил, вреден 10.000 долари, доколку како трофеј од Северна Кореја во црквата во САД донесе постер. Таа му ветила дека црквата ќе и плати на неговата мајка 200.000 долари доколку тој биде фатен во Северна Кореја и не се врати во земјата.

Северна Кореја од поодамна применува пракса да апси странци и потоа да ги користи затворените американски државјани за да предизвика посети на високо позиционирани американски државни службеници, бидејќи Пјонгјанг и Вашингтон немаат официјални дипломатски односи.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро