Американски сенатори се обидуваат да спречат донесување закон со „маратонски говори“’

Од:

Американскиот сенатор републиканец Ранд Пол ја прекина дебатата синоќа во Конгресот, со цел да почне долг говор против предложениот нацрт-закон, кој би ги продолжил надлежностите на американските тајни служби за масовно собирање податоци за телефонски разговори на Американците.

Целта на Пол е да говори што е можно подолго за да го осуети усвојувањето на законот, кој треба да замени некои од клучните ставки од т.н. „Патриотски закон“, со кој им се даваше легална основа на властите за собирање податоци за милијарди телефонски разговори, а кој истекува на 1 јуни.

Доколку Пол и неговите колеги, кои го поддржуваат успеат да не го овозможат гласањето за нацрт-законот до петок, кога почнува десетднедниот одмор за Сенатот, актуелниот закон нема повеќе да важи, а тајните служби ќе ја загубат правната основа за собирање податоци за разговорите на американските граѓани.

Пол, кој е сенатор од сојузната држава Канзас и е кандидат за претседателска номинација од Републиканската партија за изборите следната година, уште говореше од парламентарната говорница околу три часот по полноќ, повеќе од осум часа и не даваше знаци дека наскоро ќе заврши. Сенаторите кои го поддржуваат се во состојба на готовност да го заменат во маратонскиот говор.

Прашањето за програмата за телефонските прислушувања, откриена од поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД, Едвард Сноуден, ги подели конгресмените и во двата дома и тоа не на партиска основа.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак