Американски сенатор предупредува за скорешно распаѓање на Сирија

Од:

Сирија може да се распадне во најскоро време ако САД не преземат решителни чекори спрема режимот на претседателот Башар Асад, предупреди синоќа американскиот сенатор републиканецот Линдзи Греам.

Тој упати критики за акциите на администрацијата на демократите во Вашингтон кон Дамаск.

– Ако не го смениме курсот, Сирија ќе се распадне до крајот на годината, изјави сенаторот за Си-Би-Ес. Додаде дека Сирија може да стане засолниште за приврзаници на Ал Каеда и хемиското оружје да дојде во недозволени раце.

– Имено тие два фактора според сенаторот, предизвикуваат најсериозна тревога кога станува збор за Сирија. За решавањето на тие проблеми, Греам предлага воени методи меѓукои и уништување на базите на сириските ВВС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати