Американски сенатор предлага со 462 милијарди долари замена на автомобили на бензин со електрични

Од:

Лидерот на малцинството во американскиот Сенат, демократот Чак Шумер предложи програма од 462 милијарди долари, со кои милиони Американци би се поттикнале во текот на следната деценија да се откажат од возила со бензински мотор, чии издувни гасови се штетни за климата, и да преминат на возила на електричен или хибриден погон.

Со тој предлог, Шумер се придружи на серијата идеи за програми вредни милијарди долари наменети за намалување на загадувањето од нафта, гас и јаглен, со кои демократите бараат итно справување со климатските промени.

Шумер истакна дека „предлогот чисти автомобили да се донесат во цела Америка“ ќе биде клучен дел од идниот закон на демократите за климата, дополнувајќи дека со државното финансирање на воведување електрични автомобили „САД би го предводеле светот“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on