Американските разузнавачки агенции се обидуваат да ја потврдат автентичноста на аудио записот во кој се тврди дека припадници на ИСИС убиле еден од јапонските државјани, соопшти Белата куќа.
Како што пренесуваат медиумите според оваа снимка убиен е Јапонецот, Харуна Јукава.
-Разузнавачките агенции работат на утврдување на автентичноста на аудио записот. САД најостро ги осудува акциите на ИСИС и ги повикува нејзините припадници под итно да ги ослободат сите заложници. Америка во целост ја подржува Јапонија во овој случај и блиско соработува со неа – изјави Патрик Вентрел, заменик портпарол на Националниот безбедносен совет на САД.
Јапонската влада соопшти дека се обидува да ја утврди веродостојноста на новата видео снимка која се појави на интернет, а на која еден од двајцата Јапонци кои џихадистите ги држат како заложници вели дека другиот е убиен.
Заложникот вели и дека Исламска држава има намера него да го замени за жена бомбаш-самоубиец , пренесе „Русија денес“.
Е. Г.